Хилари Даф се породи и го роди четвртото дете, третото со сегашниот сопруг Метју Кома.
Познатата актерка дома роди ќерка, која го доби името Townеs Meadow Bear, а за се ја информираше јавноста на Инстаграм. Имено, таа ги сподели сликите направени веднаш по доаѓањето на нејзината ќерка на светот и за кратко време собра над милион лајкови.
– Townеs Meadow Bear, сега знаеме зошто не натера да чекаме толку долго… Ги усовршуваше тие образи. Сонував да те држам во раце со месеци, а изминативе пет дена кога те запознав, те гледав и мирисав беа моменти на чиста магија. Сите те сакаме како да си била овде сето ова време – рече Хилари Даф.
View this post on Instagram
Да потсетиме, актерката и нејзиниот сопруг веќе имаа две ќерки, Бенкс и Меј, кои исто така ги роди дома во базен со топла вода, што е многу популарен тренд во странство.
Покрај трите ќерки, Хилари го има и синот Лука од првиот брак со Мајк Комри.