Подготвена е да оди далеку поради својата убавина: Софија Вергара е најискрена досега за тоа како изгледа многу помладолика од својата возраст.
Колумбиската актерка Софија Вергара е една од најубавите жени на светот, а овој статус го задржала и во своите педесетти.
Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ во јули ќе го прослави својот 52 роденден, а позната е по совршената фигура и негуваното лице кое не покажува знаци на стареење.
Како што истакнува, убавината и е многу важна и не се срами да го признае тоа, а вложува многу во својот изглед.- За мене убавината отсекогаш била многу важна. Мислам дека тоа е затоа што јас сум Латино и ние секогаш растеме размислувајќи како да изгледаме убаво, да ја средиме косата, да се шминкаме. Тоа е нешто што прави да се чувствувате добро – изјави Софија во интервју за People.
– Сакам производи за убавина. Сакам шминка, сакам облека. Мислам дека сега кога сум постара, тоа е одлично затоа што точно знам што сакам, што ми изгледа убаво, што не ми изгледа. Не се грижам за тоа што е во мода. Јас само го правам она што ме прави да се чувствувам добро, што ми дава самодоверба и ме прави убава – истакнува Вергара.
Инаку, таа им припаѓа на холивудските ѕвезди кои папараците никогаш не успеваат да ги фатат разголени, облечени премногу лежерно, без шминка, со неизмиена коса во пунџа. Секогаш е спастрена и вели дека иако носи тренерки низ дома, не може да замисли да нема барем малку маскара и кармин бидејќи така најдобро се чувствува.
– Ја мијам косата секој ден – изјавила Софија Вергара за People. – Мислам, освен ако не сум болна или не брзам да фатам авион во 3 часот наутро, па немам време. Но, јас ја мијам косата секој ден. Сите ми велат дека ќе си ја уништам косата, но не!
Како што објаснила, кога била помлада, сите пари ги трошела на креми кои тогаш тешко можела да си ги дозволи бидејќи верува во науката.
На прашањето што е најбесмисленото нешто што го пробала за убавина, актерката вели дека не е сигурна, но дека е подготвена да испроба повеке работи кога ее во прашање убавината.
– Не знам. Пробав сè. Ако ми кажете да ставам цемент под очите за да изгледам помладо, веднаш ќе го направам – признава огненената Колумбијка. – Правам се! Ставам кокосово масло на глава, ставам на нозе.
Како што истакна, имала навика да се мачка со крем и да се завиткува во најлонска фолија до вратот.- Правам така. Не ми е грижа. Не е глупаво – заклучува Софија.
View this post on Instagram
Сепак, има нешто за што жали.
– Шишки. Мислам дека шишките не ми одговараат. Никому не му одговараат. Освен на Хајди Клум – смета актерката.