Ова се најтешките и најлесни светски јазици за учење

popara11 мај, 20241min00
Screenshot_4

Без оглед на тоа колку јазици зборувате, учењето нов јазик не зависи само од вашата волја и времето што е одвоено за него, туку и од тешкотијата за совладување.

 

 

 

 

Не постои единствен, точен одговор на прашањето кои јазици се најлесни и најтешки за учење, но постои дефинитивен систем за рангирање.

 

Овој систем се нарекува FSI и се состои од пет категории, подредени од најлеснa до најтешка врз основа на тоа колку часови учење би му требале на човек за да постигне напредно ниво на изразување и говор на тој јазик.

 

Категоријата I вклучува јазици за кои обично се потребни 24-30 недели учење, или 600 до 750 часа настава, за да се достигне нивото S-3/R-3, што е приближно еквивалентно на нивото B2/C1. Оваа група вклучува јазици како дански, холандски, француски, италијански, норвешки, португалски, романски, шпански и шведски.

 

Германскиот јазик бара околу 30 недели или 750 часа и е класифициран во посебна категорија II.

 

Категоријата III вклучува јазици за кои се потребни 36 недели учење или 900 работни часа. Ова се јазици со лингвистички и културни разлики во споредба со англискиот, како што се индонезискиот, малезискиот и свахили.

 

Категоријата IV се однесува на јазици со уште позначајни јазични и културни разлики во споредба со англискиот, за што се потребни околу 44 недели, или 1.100 часа учење. Оваа категорија вклучува: албански, амхарски, азербејџански/азерски, бенгалски, босански, бугарски, бурмански, хрватски, чешки, естонски, фински, грузиски, грчки, хебрејски, хинди, унгарски, исландски, ерменски, латвиски, литвански, македонски, монголски, непалски, паштунски, персиски, полски, руски, српски, синхалски, словачки, словенечки, тагалошки, тајландски, турски, украински, урду, узбекистански, виетнамски, нигерско-конгоански, зулу.

 

Во последната категоријата V се јазици кои се исклучително тешки за говорителите на англискиот јазик и бараат 88 недели, или 2.200 часа учење. Арапскиот, јапонскиот, корејскиот, кантонскиот (кинески) и мандаринскиот (кинески) бараат најмногу напор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma