Секс аналитичарката д-р Глорија Браим ја откри тајната на здравјето, а тоа е редовната мастурбација.
Колку е здрава мастурбацијата? Сите знаеме дека е корисно, но дали знаеме точно колку? Во денешно време, табу темите веќе не треба да постојат, па затоа започнуваме со откривање на сето она за што порано се срамевме да ги прашаме експертите.
Секс аналитичарката д-р Глорија Браим ја откри тајната на здравјето, а тоа е редовната мастурбација.
– Мастурбацијата може да направи чуда за вашето тело и вашиот ум најмалку три пати неделно, а тоа важи и за мажите и за жените – објаснува Глорија за „Сан“. Пред да стане сексуален терапевт, Глорија била професорка по англиски јазик и аналитичар на Волстрит.
Мастурбацијата го подига имунитетот
– Мастурбацијата го стимулира вашето расположение за секс и го подига вашиот имунитет. Затоа доживувањето на кулминацијата на мастурбацијата испраќа еден куп позитивни хормони до целото ваше тело и може да има многу придобивки. Овие хормони се окситоцин, попознат како хормон на љубовта, серотонин, попознат како хормон на среќата и допамин, хормон на задоволство – истакнува Глорија.
Оваа аналитичарка всушност тврди дека оргазмот е најголемиот врв што нашето тело може да го произведе и без никакви психоактивни стимуланси, што е типично за дрогите.
– Како што ги четкаме забите секој ден, мора да научиме и да мастурбираме секој ден. Оргазмот е најголемото задоволство што можете да си го дозволите без да одите кај вашиот дилер! Оваа количина на квалитетни хормони не може да ви ја препише лекарот, ниту пак постојат во форма на апчиња. Исто така, кога станува збор за трауматски искуства во вашето тело, кои произлегуваат од стресот и анксиозноста, оргазмот ќе биде тој што ќе ви го направи животот вреден за живеење – не потсети д-р Браим.
Оргазмот како одбрана од грип
Дури беше спроведена студија на американски универзитет, во која беа опфатени 11 мажи, чии бели крвни зрнца беа измерени 5 минути пред и 45 минути по оргазмот, кој го постигнаа преку мастурбација. Докажано е дека нашето тело подобро се бори со претстојната инфекција, доколку редовно мастурбираме и постигнеме оргазам. Се покажа дека мастурбацијата е и добра превентива против грип.
Неврологот Стефан Еверс открил дека 60 отсто од болките од мигренозни главоболки се ублажуваат со оргазам кој се стимулира со мастурбација.
Оргазам против рак на простата
Оргазмот лечи рак на простата
Истражувањата покажаа дека оние кои редовно го достигнуваат својот врв со мастурбација се помалку болни од ракот на простата.
– Докажано е дека мажите кои мастурбираат повеќе од 21 пати месечно го намалуваат ризикот од рак на простата за дури 33 отсто, во споредба со оние кои мастурбираат седум пати месечно. Мастурбацијата, освен што е добра за душата, е добра и за срцето, бидејќи драстично го намалува ризикот од срцев удар – изјави овој невролог.
Д-р Блејм истакнува дека постојано ги откриваме придобивките од сексот и оргазмите, а некои од нив се подобри заби, поздрав сон, подобар апетит, а луѓето кои го прават тоа почесто изгледаат многу помлади од своите врсници.
Зарем овој доктор не ни ја откри тајната на вечната младост која нема да ја најдете во ниту еден салон за убавина или „бјути хирург“?