Познатата актерка Џејми Ли Кертис ја освои публиката со бројни улоги во популарни филмски продукции, од кои некои денес се сметаат за култни.
Кариерата ја започнала како 19-годишна девојка, а го напуштила правниот факултет за да се занимава со глума. Но, за да биде она што е денес, самоуверена и самосвесна, требаше да поминат многу години, како што таа тврди.
Освен што стекна светска популарност со актерскиот талент и забележителните улоги, таа стана препознатлива и по совршената фигура.
Проблеми, проблеми…
Сепак, приватниот живот на Џејми Ли Карти го одбележаа бројни подеми и падови и контроверзни приказни.
Познатата актерка долги години била зависна од лекови против болки, од кои станала зависна по неуспешна естетска интервенција.
На крајот на краиштата, актерката се навраќаше на овој период и прокоментира дека за неа било страшно искуство да оди на естетска операција за отстранување на темните кругови. По интервенцијата, пред сè поради болки, а подоцна и од навика почнала да зема опијати, но и премногу алкохол.
„Бев зависник во два наврати – првиот пат од болка, вториот од срам затоа што бев зависник“, признала еднаш актерката, а пренесуваат странските медиуми.
Се дрогирала со својот татко и доживеала трагедија
Семејството на популарната актерка се соочило и со огромни проблеми кога се во прашање зависностите, па таткото користел и наркотици. Покрај тоа, Џејми доживеала огромна трагедија кога нејзиниот брат починал на 23 години како последица од предозирање со хероин, пишува Нова.рс.
„3наев дека тато има проблеми, и јас исто така, па заедно се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега имам пет – брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 23 години“, изјави еднаш Ли Кертис.
Додека се борела со зависноста, таа ја криела дрогата од сестрата и братот кои ја контролирале. Иако поминала низ тешко животно искуство и голема лекција кога нејзиниот брат починал, тоа не и’ ги променило навиките.
Меѓутоа, години подоцна сфатила дека е деструктивна за семејството и дека се уништува себеси, па решила да се лекува за проблемот со зависноста.
Како што еднаш рекла актерката, она што и’ помогнало да излезе и што ја потресе, е забелешката на нејзината осумгодишна ќерка дека таа никогаш не била тука за неа.