НАПРАВЕТЕ ЛАВА КОЛАЧ ОД САМО 3 СОСТОЈКИ И ЗАСЛАДЕТЕ СЕ: Магично чоколадно уживање кое се топи во уста

popara14 мај, 20241min00
Лава колач

Лава колач кој ќе ги освои дури и оние кои не преферираат премногу слатки задоволства.

Овој брз чоколаден колач е вистинско уживање кое ќе ги воодушеви и оние кои не се премногу по слатките. Со само три основни состојки,готов за кратко време ќе се топи во вашата уста.

Состојки:

3 јајца

30 грама брашно

250 грама чоколадо

Подготовка:

1. Се мешаат јајцата и брашното. 2. Чоколадото се топи на пареа, па се додава во смесата со брашно и јајца. Мешајте додека се се соедини. 3. Калапот за мафини премачкајте го со масло или путер. Добиената смеса истурете ја во калапот. 4. Калапот се става во загреана рерна на 200 степени. 5. Оставете ги колачите да се печат 7-8 минути. Строго внимавајте на времето, бидејќи секој момент подолго може да значи дека колачот од лава ќе се претвори во обичен мафин. 6. Послужете го топло со шлаг или сладолед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag