Џони Деп (60) е актер кој отсекогаш предизвикувал поделени мислења во Холивуд. Неговите потези некои ги фалат, а други ги критикуваат, но едно е неспорно – тој отсекогаш бил познат како голем заводник. Важи за една од омилените светски ѕвезди, а сега е во центарот на вниманието поради неговиот стајлинг. Последните фотографии го обиколија светот и не наидоа на позитивни реакции.
Џони Деп отишол во клубот Maison Estelle во Лондон, облечен многу лежерно. Странските медиуми пишуваат дека претерал бидејќи актерот изгледа запоставено и несредено. Најмногу внимание привлекоа носените патики. Многу обожаватели истакнаа дека неговата облека и чевли изгледаат како да ги нашол во контејнер.
„Што не е во ред со него?“, „Па зошто овој опуштен изглед? Изгледаш неуредно“, „Како може толку голем заводник да ги носи овие патики“, „Ми се допаѓа, што му е гајле како изгледа“, „И овие грозни патиките му стојат добро“, „Мислам дека Џони Деп може да извлече секаков моден стил“, „Изгледа запоставено“, напишаа многумина.
Да потсетиме, пријателите на холивудската ѕвезда, која во јуни полни 61 година, за „Daily mail“ изјавија дека Деп веќе некое време живее во Лондон и дека градот му одговара. Тие нагласија дека сега води многу поздрав живот од порано. Ослабе, престана да пие, ја скрати косата и е задоволен од своето секојдневие.