Маската со активен јаглен и прочистена глина ги извлекува сите нечистотии од порите, а редовната употреба го спречува создавањето на нови митесери и ја детоксицира кожата. За неа ви требаат 1,5 лажички глина, зелена за нормална до мрсна кожа и бела за сува, 2 таблети или капсули активен јаглен, лажичка природен јаболков оцет и лажичка вода.
Во помал сад измешајте ги сите состојки освен оцетот. Додадете оцет на крајот за да се намали пенењето. Исто така, при изработката не користете метални лажици бидејќи тие можат да го намалат дејството на глината.
Нанесете ја маската на местото со митесери во подебел слој, а потенок слој нанесете на остатокот од лицето. Оставете да делува десет минути или додека не се исуши. Извадете ја со млака вода.