Навики кои треба да ги воведете ако сакате да станете утрински тип на личност

popara15 мај, 20241min00
1715760618-mike-von-Is1r3BX6Ac-unsplash-750x500

Постојат голем број начини да се подготвите наутро за продуктивен ден. Но, ако се разбудите наутро и веднаш размислите што тргнало наопаку претходниот ден или што сè треба да направите, експертите велат дека треба да престанете.

Мишел Лено, американски психолог откри кои работи треба да ги избегнувате наутро. Имено, меѓу нив е и будењето од иритирачкиот звук на будилникот, кој вообичаено го мразиме. Исто така, наутро не треба да го преоптоварувате вашиот мозок со листа на ‘to-do’. Таа советуваше дека кога таквите мисли ќе се појават прво наутро, обидете се веднаш да ги пренасочите.

Будење со гласен, досаден будилник

„Тој страшен звук што ве буди може да предизвика многу вознемиреност. Има смирувачки звуци, изберете ги оние кои нежно ве будат“, советува д-р Лено.

Веднаш се обидувате да решите некој итен проблем

Без разлика дали се работи за откривање нешто што тргнало наопаку претходната вечер или правење планови за следната вечер или ден, нема смисла веднаш да размислувате за тоа. Тоа е рецепт за катастрофа.

Дозволете си да лесно да го започнете денот пред да го вклучите мозокот.

Проверка на мобилен телефон

Секако, нормално е да се проверуваат мејловите и мрежите, но сепак треба да почекаме целосно да се разбудиме и да не го нарушуваме внатрешниот мир на утринските часови со премногу информации.

„Тоа ве вовлекува во туѓите животи, консумирате туѓи барања, новости, може да ве направи помалку креативни“, вели психологот Ли Чемберс, додавајќи дека сепак е подобро да размислувате за новиот ден во мир.

Еве начини кои ќе ви помогнат да го олесните утрото:

-Будете се секој ден во исто време
– Прво отворете ги завесите за да ја пуштите дневната светлина во собата
-Малку истегнете се и вежбајте
-Избегнувајте екрани
– Напијте се една чаша вода
-Држете се до вашата рутина што е можно повеќе дури и кога патувате

Никогаш не е доцна да се стане утринска личност, пишува Huff Post.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma