Ако имате тенка коса, добро знаете колку е тешко да ја обликувате и да изгледа побујно. Добрата вест е дека постои едноставно решение за овој естетски проблем кој мачи многу жени.
Фризерите споделија трик кој се покажал дека делува. Еве за што се работи:
Првиот чекор е да ја намокрите косата на коренот, а советот е секогаш да правите патец од страна, бидејќи така фризурата изгледа „пополно“. Вториот и поважен чекор е да нанесете сув шампон или бебешка пудра. Овој „магичен спреј“ веднаш ќе додаде текстура на вашата коса и ќе ја направи да изгледа пополна.
Како што рековме, можете да користите сув шампон кој ќе го купите во аптека или обична пудра за деца. Само посипете мала количина на темето, добро протресете и готово. Фризурата е подготвена.
Дополнителен совет од стилистите е секогаш да правите кадрици или бранови, бидејќи тоа дава дополнителен волумен.