Сигнали во текот на ноќта кои упатуваат на висок холестерол

popara16 мај, 20241min00
1646081191-shutterstock_1673262916-e1646081210865-750x487

Ако го чувствувате ова во текот на ноќта, тоа може да биде знак дека холестеролот се насобрал во вашите артерии.

Главниот фактор на ризик за развој на болести на срцето и крвните садови е токму покачениот холестерол. Некои симптоми може да се појават во прилично рана фаза, односно откако маснотијата на ѕидот на артеријата штотуку почна да се акумулира, а според лекарите, првите знаци на оваа состојба се појавуваат најмногу ноќе.

Акумулацијата на маснотии во артериите е предизвикана од избегнување третман на високи нивоа на холестерол. Покрај тоа, има помал проток на крв во крвните садови.

Докторот Адам Стејтен објаснува дека тоа значи дека мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што лесно може да доведе до состојба позната како болест на периферните артерии, пренесува City Magazine.

„Тоа е истиот процес што води до срцев удар и мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а поретко на рацете“, додава Стејтен.

Според извештаите од Клиниката во Кливленд, првите симптоми на висок холестерол кај заболувањето на периферните артерии се обично болка, грчеви и непријатност во нозете, а најчесто се јавуваат во текот на ноќта, со што го нарушуваат сонот на заболениот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma