Шминка за младолик изглед: Еве како да ги кренете спуштените очни капаци со помош на трикови

popara17 мај, 20241min00
87887_sminka-shutterstock-394950871_f

Кога имате спуштени очни капаци, сенката обично се собира на окото. Но, со овие трикови ќе го спречите тоа и визуелно ќе ги подигнете уште повеќе, па ќе изгледате помлади.

Нанесете прајмер

Опуштените очни капаци не си одговараат со шминката, па затоа треба да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат со тоа. Пред да се шминкате, нанесете квалитетен прајмер за да не се насобира шминката во наборите на очните капаци.

Користете светли сенки

За основата користете светли мат сенки. Нанесете ги на подвижниот дел од очниот капак и на пределот под веѓите. Кога имате спуштени очни капаци, важно е визуелно да ја подигнете бравата, а за тоа користете потемна сенка и нанесете ја малку над вистинската бразда, бидејќи така ќе добиете длабочина и ќе го отворите изгледот. Ќе ви даде младешки изглед.

Нанесете ајлајнер, но тенка линија

Користете тенок ајлајнер за да ја дефинирате горната линија на трепките, што ќе помогне да се создаде илузија за пополни трепки и поотворени очи. Ако сакате да цртате линија со туш, направете го тоа додека окото е отворено за да не се преклопува линијата кога ќе го отворите окото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma