Кејт Бланшет на модната ревија која ја претстави колекцијата пролет/лето 2024 година на Армани пристигна облечена во креација на овој моден бренд, а овој фантастичен комбинезон што таа го избра е вистински скапоцен камен во нивната модна архива.
Станува збор за црн комбинезон со длабокo V-деколте кој е украсен со треперливи црни мониста. Комбинезонот има ефективно исечени ракави и дел на грбот кој наликува на наметка.
Актерката го комплетираше овој аутфит со црни чизми со високи, тенки потпетици.
Не е првпат Кејт да го носи овој комбинезон. Таа го носеше истото парче и на филмскиот фестивал во Палм Спрингс кога ја прифати наградата за нејзината извонредна улога во „Тар“. Во тоа време носеше црни салонки со комбинезони.
Инаку, вака скроените комбинезони визуелно ја издолжуваат фигурата, ги покриваат сите недостатоци и ѝ одговараат на секоја жена без разлика на обликот на телото.