Потребно е:
450 мл млеко
150 гр ориз
300 гр јагоди
половина лимон
150 гр јогурт со ванила
2 лажици шеќер, сол
неколку листови нане
Подготовка:
Оставете го млекото да зоврие, а потоа додадете го оризот и солта. Гответе на тивок оган 25 минути, повремено мешајќи. Измијте ги јагодите и оставете ги да се исцедат. Додадете ванилин шеќер и оставете да отстои 20 минути. Измијте го и исушете го лимонот. Излупете ја кожата и исцедете го сокот. Се меша со јогурт и шеќер. Додадете сè во оладената чинија. Во чаша ставете јагоди и додајте сутлијаш. Украсете со јагоди и листови нане. Добар апетит!