На сред приказни за развод, Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени заедно: Детал на неговата рака издава се?

popara20 мај, 20241min00
profimedia-0851050409-830x0

Гласините за разводот на музичката ѕвезда Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек со денови се шират на интернет, а новите фотографии кои се појавија на светските портали дополнително ги подгреаа сомнежите.

Папараците во петокот го фотографираа Афлек зад воланот, а кога ја крена раката, многумина забележаа дека не носи бурма!

На истиот настан на кој се појави актерот, беше фотографирана и Лопез која сè уште го носи нејзиниот венчален прстен.

Двајцата се фотографирани како разговараат на паркингот. Афлек држеше некаква хартија во рацете, а Лопез држеше цвеќе.

Инаку, ова е прв пат после повеќе од еден месец парот да биде „фатен“ заедно, на исто место. Од нивните изрази на лицето беше невозможно да се каже што точно се случува таму.

Ниту Џенифер ниту Бен официјално не објавија развод, па се останува на ниво на озборување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma