Доналд Трамп: Филмот за поранешниот американски претседател предизвика бурни реакции

popara22 мај, 20241min00
Screenshot_1

Претставниците на претседателската кампања на Доналд Трамп бурно реагираа против новиот филм „The Apprentice“ кој го прикажува поранешниот американски претседател во негативно светло.

 

 

Имено, во една од сцените на филмот беше прикажано наводното малтретирање на неговата прва сопруга Ивана од страна на Трамп, а неговиот претставник најави дека „ќе поднесе тужба против грубо лажните инсинуации на луѓе кои се преправаат дека се филмаџии“, пренесува Евроњуз.

Говорејќи за „Варајети“ вчера (понеделник) по светската премиера на филмот на Али Абаси, портпаролот на тимот на Трамп, Стивен Чанг го потврди поднесувањето на тужбата.

 

„Ова ѓубре е чиста измислица која ги сензационализира лагите, кои одамна се разоткриени. Како и со нелегалното судење на Бајден, во овој случај холивудската елита се меша во изборите, знаејќи дека претседателот Трамп ќе ја преземе Белата куќа и ќе го порази нивниот кандидат бидејќи ништо што тие направија, не даде резултати“, рече Чанг.

Тој исто така додаде дека филмот е „злонамерна клевета“ која „не требало да ја види светлината на денот“, пренесува Гардијан.

 

Инаку, филмот на Абаси, во кој актерот Себастијан Стен ја толкува улогата на Трамп, започнува со појаснување дека опишаните настани се вистинити, а на премиерата на фестивалот во Кан доби осумминутни овации.

 

Публиката наводно бурно реагирала на некои поексплицитни сцени, како онаа во која Трамп прави липосукција, а потоа и намалување на скалпот, но најголема прашина кренала сцената во која главниот лик во филмот ја силува својата прва сопруга Ивана.

Што всушност се случило меѓу Трамп и Ивана?

 

Сцената е екранизирана верзија на сведочењето за инцидентот од 1989 година, кој претходно бешепретставен во документите за време на постапката за развод во 1990 година.

 

Ивана во филмот го навредува сопругот врз основа на неговиот физички изглед, по што тој збеснал и ја напаѓа.

Во своето сведочење од 1990 година, Ивана Трамп опиша сличен напад што наводно се случил по неговата операција на скалпот. Тврдела дека тогашниот сопруг ја турнал на подот и ѝ искинал прамени од косата. Таа првично тврдеше дека Трамп ја силувал после тоа, но подоцна го повлече тоа тврдење.

 

Во изјавата во 1993 година, таа рече: „Во една прилика во 1989 година, г-дин Трамп и јас имавме афера за време на која тој ме третираше сосема поинаку отколку за време на нашиот брак. Како жена, се чувствував нападната… Та го нареков силување, но не сакам моите зборови да се толкуваат во буквална или криминална смисла“.

 

За време на постапката за развод, Трамп ги отфрли наводите на неговата сопруга за инцидентот како „очигледно лажни“.

„Панк-рок верзија“ на историјата

 

Насловот на филмот упатува на телевизиското шоу кое Трамп го водеше повеќе од една деценија, но настаните во филмот се случуваат неколку децении порано, кога тој штотуку почнуваше да го гради своето име на пазарот на недвижности.

 

Покрај Себастијан Стен, кој го игра главниот лик, во филмот го гледаме и Џереми Стронг, ѕвездата на „Наследникот“, кој го игра неговиот бескрупулозен ментор и адвокат Рој Кон.

 

Режисерот на филмот, иранско-данскиот режисер Али Абаси претстави неколку брутални настани од животот на Трамп, кои наводно се случиле зад „затворени врати“.

 

Пред премиерата изјави дека целта му е да направи „панк-рок верзија на историски филм, која нема да биде претерано захтевна во деталите и за тоа што е правилно, а што е погрешно“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag