Магдоносот кај нас е незаменлив зачин и за супи и за многу други работи, а најдобро е кога е совршено свеж.
Доколку сакате да ја продолжите свежината на ова растение, а во исто време сте против смрзнување, имаме ефикасен и едноставен начин за вас. Следете ги инструкциите подолу.
Како да ја продолжите свежината на магдоносот?
Истурете вода во сад. Додадете една лажица сода бикарбона. Потопете го магдоносот. Вака го чистите ова растение. Испрскајте ја даската за сечење со оцет и избришете ја со крпа. Потоа исецкајте го магдоносот. Ставете хартиена крпа на дното од чиста тегла и додадете го магдоносот.
Чувајте ја теглата во фрижидер. Можете да го чувате таму еден месец. Благодарение на овој трик, магдоносот ќе ја задржи својата арома и вкус.