Судија од Ново Мексико одлучи дека холивудскиот актер Алек Болдвин сепак ќе оди на суд ова лето, пишуваат светските медиуми.
На популарниот актер ќе му се суди за убиство од небрежност, а тој ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен за убиство.
За време на снимањето на филмот „ Rust“ во 2021 година, актерот ја застрелал снимателката Халина Хачинс од пиштол реквизит во кој имало вистински куршум.
Обвинителите рекоа дека операторот на реквизит не успеал да го обезбеди оружјето и да се увери дека е наполнето со лажни куршуми.
Судењето на Болдвин е закажано на 9 јули, а се очекува да трае околу две недели, пишува „Deadline“.
Реквизитерката на филмот „ Rust“ Хана Гутиерез-Рид беше осудена на 18 месеци затвор, таа беше прогласена за виновна за убиство од небрежност
На Болдвин ќе му се суди за смртно застрелување на снимателка за време на снимањето на вестернот „ Rust“ .
Обвиненијата против актерот веќе еднаш беа отфрлени.