Актерот Џони Вактор, познат по улогата во популарната американска сапуница „General Hospital“, е убиен во престрелка во Лос Анџелес.
Неговата мајка потврдила за ТМЗ дека 37-годишниот актер го загубил животот.
Полицијата подоцна потврди дека актерот бил застрелан околу три часот наутро во саботата, откако се соочил со тројца мажи кои ги фатил како крадат, пишува Guardian. Вактор бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да му помогнат.
Полицијата соопшти дека осомничените за убиството на актерот побегнале и се уште не се уапсени. Истрагата продолжува.