Не сака ништо со него: Уште едно дете се откажа од Бред Пит, повеќе не го користи неговото презиме

popara28 мај, 20241min00
Screenshot_7

Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит го отфрлија презимето на татко им Бред Пит, откриено е дека и нивната сестра Вивиен сега го направила истото.

 

 

 

И Вивиен Џоли-Пит престана да го користи презимето Пит и го задржа само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли, пишуваат американските медиуми.

 

Вивиен работела како асистент на продуцент во мјузиклот The Outsiders, а на списокот на луѓе кои работеле на проектот било забележано дека 15-годишната девојка го задржала само презимето на нејзината мајка. Засега не е јасно дали тоа го направила легално. Откажувањето на презимето доаѓа по години на заладени односи меѓу Пит и неговите деца поради неговиот развод со Џоли.

 

Пит со години немал контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

 

Но, се чини дека децата јасно кажуваат на чија страна се.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag