Се будите често за време на „часот на волкот“? Постои причина зошто се случува тоа, а ова е трик за инстант сон

popara28 мај, 20241min00
image_2024-05-28_214554450

Дали често се будите помеѓу три и четири наутро? Не грижете се, тоа не е случајно – зад тоа се крие медицински феномен.

Будењето во исто време во текот на ноќта е поврзано со нивото на хормоните, особено со интеракцијата на мелатонин, серотонин и кортизол. Мелатонинот ни е познат како хормон за спиење, кој нашето тело го ослободува во темница, а потоа го претвора во хормонот на задоволство – серотонин, додека ослободувањето на кортизол е стресна реакција на телото.

Околу три часа по полноќ, температурата на нашето тело значително се намалува за време на спиењето, а нивото на мелатонин е високо. Во исто време, кортизолот и серотонинот се многу ниски, поради што доаѓа до нарушување на рамнотежата на хормоните, што е неопходно за добар сон и полесно будење! Покрај тоа, протокот на крв во нашиот мозок е малку намален во одредени области во овој момент, а кога ќе се разбудиме сме особено чувствителни на негативни емоции како страв или песимизам. Во оваа фаза не само што полесно се будиме ноќе, туку ни е потешко повторно да заспиеме бидејќи брзо запаѓаме во негативни спирали на размислување, пишува Крстарица.

Истражувачите на спиењето го нарекуваат овој час помеѓу три и четири часот наутро „час на волкот“, термин кој веројатно доаѓа од античко време и се однесува на времето во ноќта кога никој не е буден – освен волците.

Ако случајно се разбудите за време на волкот, добар метод за релаксација е техниката на свесно дишење 4-7-8, воспоставена од д-р Мајк Бреус, познат на Тикток како @sleepdoctor. Тој препорачува кога ќе се разбудите помеѓу три и четири часот, да вдишувате околу четири секунди, да го задржите здивот седум секунди и повторно да издишувате осум секунди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma