Американската пејачка Џенифер Лопез ја откажа својата турнеја „This Is Me…“, прва по пет години.
Live Nation, организаторот на летната турнеја, во петокот објави дека е откажана, велејќи дека „Џенифер зема слободно време за да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели“.
Во обраќањето до своите фанови, Лопез објави дека е „целосно уништена и тажна што ги разочарала“.
„Ве молам знајте дека немаше да го сторам тоа ако не мислев дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви надоместам и дека повторно ќе бидеме сите заедно“.
Пејачката и организаторот не ја наведоа причината за откажувањето, но тоа доаѓа во време на шпекулации за развод со актерот Бен Афлек и гласини за слаба продажба на билети, пишува dpa.
Пред неколку недели, голем број концерти како дел од турнејата беа веќе откажани без објаснување.