Ријана испиша историја: Не објавила песна со години, а доби голема награда

popara2 јуни, 20241min00
6965864b265ebe4ab36eb97a7661bd088b8d12f7

Пејачката, која неодамна стана мајка на две момчиња, ја доби титулата најдобар соло изведувач со најмногу дијамантски хитови досега.

Таа доби четири дијамантски сертификати од Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA), оставајќи ги зад себе своите конкуренти со седум такви хитови.

Наградата Дијамант се доделува на уметници кои продаваат албуми или синглови во 10 милиони примероци, а се доделува од 1992 година.

Ријана нема издадено нова песна веќе осум години, а можеби ова ќе биде нов поттик за да ѝ се врати на музиката.

Сепак, засега изгледа дека тоа не и е еден од приоритетите. Во последниве години, таа се фокусираше на други проекти, вклучувајќи линија за шминка, бренд за нега на кожа, како и бренд за долна облека. Покрај работата, таа е посветена и на приватниот живот. Во мај 2022 година, таа го доби првиот син Рза, а една година подоцна и вториот син, кого го нарече Рајот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma