Овие намирници ќе ви помогнат да добиете тен на природен начин, а истовремено да ја негувате кожата.
Храната богата со бета-каротин, како што се морковите и кајсиите, природно ќе ја затемни кожата, а производството на меланин ќе биде стимулирано од тирозин, кој го има во изобилство во сојата.
Моркови, кајсии и слатки компири
Зеленчукот и овошјето со портокалова боја, како што се морковите, слаткиот компир и кајсиите, се богати со бета-каротин и витамин А. Овие соединенија штитат од опасното УВА и УВБ зрачење и го стимулираат производството на меланин. Колку е поголемо производството на меланин, толку е потемна бојата. Сепак, не треба да претерувате со бета-каротинот бидејќи тенот може да добие портокалова боја.
Спанаќ и кељ
Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, зелената салата и кељот се исто така сојузници на исончаниот тен. Исто како и морковите, тие се богати со бетакротен. Тие се одличен избор за луѓе со посветол тен.
Белка од јајце и соја
На потемнувањето на кожата влијае и тирозин, аминокиселина која е состојка во повеќето креми за самопотемнување. Го промовира производството на меланин, пигментот кој и дава боја на кожата. Сојата, белките и слатководните алги, спирулината, содржат најмногу тирозин.
Риба, бадеми и зачини
Рибофлавинот, исто како и тирозинот, е составен дел на кремите за самопотемнување и делува на сличен начин. Го поттикнува производството на меланин, поради што кожата побрзо потемнува. Најдобри извори се бадемите, скушата, лососот и пастрмката, сувите зачини како пиперката и коријандерот. Сите овие намирници се богати со витамин Б2, а бадемите содржат и витамин Ц, кој е неопходен за производство на пигмент.
Домати
Доматите се богати со каротеноиди кои го поттикнуваат потемнувањето, додека ликопенот што го содржат ја враќа еластичноста на кожата и го намалува воспалението предизвикано од штетното УВ зрачење.