Хајди Клум сподели фотографии од посебна прослава: Насмеана и со семејството го дочека 51-от роденден

popara3 јуни, 20244min00
hajdi-klum-heidi-klum-0862191101-830x0

Хајди Клум го прослави својот 51 роденден во друштво на најблиските луѓе.

Популарната манекенка зачекори во шестата деценија, но за неа годините се само бројка. Многу се грижи за своето здравје, но и за физичкиот изглед, за да не може да се каже колку години навистина има.

Се на се, таа го прослави овој ден како што треба, насмеана и расположена. Розовата боја доминираше, како меѓу балоните, така и меѓу цвеќињата кои ја красеа роденденската маса. Таа самата беше облечена во розов џемпер со големи сиви ѕвезди.

Таа беше воздржана кога требаше да објави фотографии од оваа прослава, но и тие малку покажаа дека сè помина како што таа замисли. До неа беше нејзиниот партнер Том Каулиц, како и нејзините деца. Таа ги исклучи коментарите под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

– Се чувствувам благословена – напишала Хајди под фотографиите.

Меѓу другото, таа доби и честитка од нејзината добра пријателка, со која учествува во забавна програма како судија, Софија Вергара, посакувајќи и се најдобро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag