Храна за подобра меморија: За добро здравје на мозокот јадете ги почесто овие намирници

popara3 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Модерниот начин на живот, годините и прехрамбените навики влијаат на вашата меморија.

 

 

 

 

Дали сте знаеле дека мозокот се развива дури до 80 проценти до третата година од животот? Во модерната ера правиме многу грешки кои ја намалуваат функцијата на мозокот, а не сме свесни колку тие влијаат на помнењето.

 

Некои од грешките што често ги правиме се недостаток на сон и физичка активност, прекумерна употреба на мобилни телефони и други електронски уреди и секако, исхраната. Таа има значајна улога во оптималното функционирање на мозокот.

 

Што треба да јадете за подобра меморија:

 

Спанаќ

 

Спанаќот е најдобар извор на железо, магнезиум и фолат кои ви помагаат да ги задржите когнитивните функции.

 

Жолчки

 

Пречестото консумирање на жолчки го зголемува нивото на холестерол, но доколку јадете умерено, треба да знаете дека жолчките се богати со витамините Д и Б12, магнезиум и цинк коишто не само што ја подобруваат меморијата туку и ве штитат од сериозни ментални болести.

 

Јогурт

 

Универзитет во Калифорнија спроведе истражување за жените кои двапати дневно консумираат јогурт и забележано е подобрување во работата на мозокот. Јогуртот е пробиотик кој ја подобрува работата на цревата, а докажано е дека постои врска меѓу работата на мозокот и на цревата.

 

 

Риба

 

Рибата е полна со јод, селен и здрави масти. Тие се исклучително корисна храна за мозокот.

 

Ореви

 

Оревите се богати со омега 3 масни киселини и полифеноли кои го намалуваат оксидативниот стрес и воспаленијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag