Обидете се да ја замислите следнава ситуација: треба да вклопите сè што ви треба во простор од 40м2 и помалку и да го направите да изгледа стилски и модерно. Да, тоа е вистински подвиг што никој не може лесно да го постигне, особено кога не сте експерт за внатрешно уредување. Сепак, со неколку добри и едноставни совети – можете многу лесно да се снајдете.
Максимизирајте го користењето на вертикалниот простор
Колку е помал просторот, толку повисоко работите треба да се закачат. Без разлика дали се работи за полици, уметнички дела или огледала, со нивно поставување на висина визуелно ќе го зголемите просторот. На пример, можете да закачите огледало над телевизорот или каминот за целосно да го наполните ѕидот и да го насочите погледот нагоре.
Избегнувајте натрупување работи
Она што е важно да знаете е дека во одреден момент треба да се збогувате со некои работи. Повеќе ќе уживате во вашиот дом доколку не го „гушат“ работите. На сликата можете да го видите концептот на отворен простор за седење, кој е избран наместо стил на трпезарија. Да беше вклучен и тој, во собата ќе има место само за двосед, што е релативно мал простор за уживање и удобност.
Висечки елементи
Висечките елементи заземаат посебно место кај повеќето дизајнери на ентериер. Како што велат, тие ги даваат придобивките од традиционалните елементи без да зафаќаат простор. Не плашете се од дупчење на ѕидот бидејќи лесно може да се наполни и менува. Ваквите елементи даваат и луксузна нота на целиот ентериер.
Затворен простор за складирање
Елементите за складирање се најдобри кога се затворени бидејќи му даваат на просторот поуреден изглед и во исто време се одлични за оставање предмети што не ги користите секој ден и би ви пречеле на масата.
Изберете поголем мебел
Најлошото нешто што можете да го направите за да го „искористите просторот“ е да инвестирате во мал мебел. Поголемиот мебел визуелно ќе направи собата да изгледа поголема, а во исто време ќе биде поудобна!