Солзите на Џенифер Анистон ја обиколија планетата! Актерката заплака за време на интервјуто, видеото стана вирално, а еве ја причината (ВИДЕО)

popara8 јуни, 20242min00
Џенифер-Анистон

Актерката Џенифер Анистон за време на интервју за магазинот „Variety“ не можеше да ги задржи солзите кога репортерот ја праша како се чувствува додека ја гледа популарната серија „Пријатели“, по смртта на нејзиниот колега и пријател, актерот Метју Пери.

Интервјуто на Џенифер Анистон за време на кое таа го допре покојниот колега Метју Пери од серијата „Пријатели“ предизвика бура на платформата X, поранешна Твитер.

Џенифер Анистон не можеше да ги задржи солзите
Откако водителката забележала дека Џенифер плаче, и понудила минута пауза, на што актерката рекла дека тоа се солзи радосници.

– Ова се радосни солзи. За мене е неверојатно што поминаа 30 години од снимањето на серијата. Привилегија е што опстојува толку долго и што сè уште им значи на луѓето. Тоа е најголемиот подарок што ние шестмина можевме да го замислиме. Сакам да кажам и дека засекогаш ќе бидеме семејство – истакна Џенифер.

 

Глумата во серијата „Пријатели“ не е единствената врска која Џенифер ја има со Метју Пери. Како што изјавила актерката, нивното пријателство било посебно.

Имено, познатиот актер починал од акутните ефекти на кетаминот, се вели во токсиколошкиот извештај на Канцеларијата за патологија од округот Лос Анџелес, а го пронашле на неговиот имот, поточно во џакузито.

Пријателството на Метју и Џенифер беше посебно
Во интервју за Дијана Соер, пред две години, Метју Пери изјави дека и покрај сите подеми и падови кои ги имал поради зависноста од дрога и алкохол, Џенифер секогаш останувала покрај него.

– Таа беше онаа која најмногу ми посегна во животот. Навистина сум ѝ благодарен за тоа“, изјави Метју Пери во октомври 2022 година.

Тој откри и дека била првата што имала храброст да му ја каже вистината во лице кога за време на снимањето на серијата „Пријатели“, неговиот проблем со зависноста станал видлив за сите. – Ми кажа дека сите знаат дека пијам. Тоа беше страшен момент за мене бидејќи кога требаше да бидам на врвот на популарноста, бев во темна соба и гледав само дилери на дрога – се присетил Метју. За својот проблем тој зборуваше и за магазинот „People“ во 2022 година, кога потврди дека нема ниту граница, ниту контрола. – Не знаев како да престанам. Не би можел ни да престанам бидејќи болеста и зависноста се прогресивни што значи дека станува се полошо и полошо како што старееш – рекол актерот. Иако вешто се обидувал да ги сокрие знаците на зависност од колегите, сите знаеле со што се бори и дале се од себе за да го поддржат. – Секогаш беа разбирливи и трпеливи. Бевме како пингвини затоа што кога некој од јатото е болен или повреден, другите го опкружуваат и му помагаат. Шетаат додека тој пингвин не почне сам да оди. Тоа е нешто што тимот го направи за мене – се присетил Метју.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag