Овде живеат најдолговечните луѓе: Многумина се веќе во десеттата деценија, а еве како се хранат

popara9 јуни, 20241min00
Screenshot_18

Познато е дека генетиката донекаде го одредува животниот век и подложноста на разни хронични болести, но нашиот начин на живот веројатно има поголемо влијание отколку што би сакале да признаеме.

 

 

 

 

Сепак, жителите на одредени области во светот се чини дека имаат помалку вакви проблеми. Одговорот може да лежи во таканаречените „сини зони“.

 

„Сина зона“ е ненаучен термин кој се однесува на географските региони каде живеат некои од најстарите луѓе во светот. Во овие области, луѓето имаат ниски стапки на хронични болести и живеат подолго од други места.

 

Овој термин за прв пат го користел авторот Ден Бутнер, кој ги проучувал областите во светот каде што луѓето живеат исклучително долго.

 

Во својата книга наречена „Сини зони“, Бутнер опишува пет најпознати сини зони: Икарија (Грција), Сардинија (Италија), Окинава (Јапонија), Никоја (Коста Рика) и Лома Линда (Калифорнија, САД).

 

Има повеќе фактори како исхраната и начинот на живот, кои влијаат врз луѓето кои живеат во Сините зони.

 

Едно нешто заедничко за овие зони, е тоа што оние кои живеат таму првенствено јадат 95% растителна исхрана. Иако повеќето луѓе не се вегетаријанци, тие обично јадат месо околу пет пати месечно. Наместо тоа, исхраната во Сините зони вообичаено е богата со зеленчук, мешунки, житарки и јаткасти плодови.

 

Исто така, постојат некои други прехранбени фактори кои ја дефинираат секоја од Сините зони.

 

На пример, рибата често се јаде во Икарија и Сардинија. Тоа е добар извор на омега-3 масти, кои се важни за здравјето на срцето и мозокот. Консумирањето риба е поврзано со подобра функционалност и капацитет на мозокот во староста и намалување на срцевите заболувања.

 

Други навики вообичаени за луѓето во сините зони се намалениот внес на калории и постот. Внесувањето помалку калории може да придонесе за подолг живот во некои сини зони.

 

На пример, студиите спроведени во Окинава покажуваат дека пред 60-тите, жителите таму имале калориски дефицит, што може да придонесе за нивната долговечност. Жителите на тој остров обично го следат правилото од 80%, кое го нарекуваат „хара хачи бу“. Ова значи дека тие престануваат да јадат кога се чувствуваат 80% сити, а не 100% сити. Таквата практика ги спречува да консумираат премногу калории, што може да доведе до зголемување на телесната тежина и хронични заболувања.

 

Покрај постојаното намалување на вкупниот внес на калории, наизменичното постење се чини дека е корисно за здравјето.

 

На пример, Икарите се типични грчки православни христијани, религиозна група која има многу периоди на постење за верски празници во текот на целата година. Едно истражување покажа дека постот за време на овие верски празници доведува до намалување на холестеролот во крвта и понизок индекс на телесна маса.

 

Многу други видови на пост, исто така, во некои случаи се покажало дека ја намалуваат тежината, крвниот притисок, холестеролот и слични фактори на ризик за хронични болести кај луѓето.

 

Друг фактор во исхраната заеднички за многу сини зони е умереното консумирање алкохол. Постојат различни докази за тоа дали умереното консумирање алкохол го намалува ризикот од смрт. Поволниот ефект на умереното консумирање алкохол може да зависи од видот на алкохолот.

 

Црвеното вино е можеби најдобриот вид на алкохол, со оглед на тоа што содржи бројни антиоксиданси од грозјето. Конзумирањето на една до две чаши црвено вино дневно е особено честа појава во сините зони на Икарија и Сардинија.

 

Покрај исхраната, физичката активност е уште еден исклучително важен фактор за стареење. Во Сините зони луѓето не вежбаат со одење во теретана. Наместо тоа, активноста е вградена во нивниот секојдневен живот преку градинарство, пешачење, готвење и други секојдневни активности.

 

Придобивките од овие вообичаени активности веќе се покажаа во повеќе истражувања, а една студија, спроведена на повеќе од 13.000 мажи покажува дека растојанието што го поминувале пеш во текот на денот предвидувало колку (по)долго ќе живеат.

 

„Кај луѓето кои живеат во Сината зона се истакнува една навика – тие се движат на секои 20 минути, но не затоа што следат одреден режим, туку затоа што живеат во таква средина каде што тоа е потреба“, објаснува основачот на популарната филозофија „Сина зона“, Ден Буетнер, а пренесе „Њујорк тајмс“.

 

Истражувањата ја поддржуваат идејата дека дури и микро чекорите во текот на денот се добра навика и можат да го поддржат здравјето на мускулите и долговечноста, дури се смета и повеќе од тренинг во вежбална.

 

Пешачењето има низа позитивни ефекти на нашиот организам, па така ќе ја подобрите циркулацијата, ќе го зголемите респираторниот капацитет, ќе ја зајакнете мускулатурата, ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем и ќе се ослободите од стресот и напнатоста.

 

Само 10 минути пешачење во денот е поврзано со продолжување на животот кај повозрасните лица.

 

Како да пешачите и да ги искористите сите придобивки?

Удобни обувки, малку добра волја и слободно време ќе бидат сосема доволни и прифатливи за почеток за секого, па така и за луѓето со прекумерна телесна тежина, за кои ова ќе биде идеален избор на физичка активност на патот кон промена на животните навики.

 

Како правилно да пешачите?

  1. Грбот држете го исправен, главата високо, погледот неколку метри пред себе, рамената опуштени, а стапалата паралелни
  2. Рацете благо свиткајте ги во лактите и движете се во ритам со спротивната нога
  3. Прво спуштете ја петата, а потоа остатокот од стапалото на земјата
  4. Затегнете ги стомачните мускули за да го поддржите ‘рбетот и за правилно држење на телото
  5. Прилагодете ја брзината на дишење на брзината на одење

 

Избегнете ги вообичаените грешки при пешачењето

  1. одење без кревање на стапалата од подот
  2. гледање во земја/тло
  3. опуштање на стомачните мускули
  4. нагли промени во брзината на одење

 

Запомнете: подобро е да одите кратко отколку да не одите воопшто. Личната тренерка Крис Голдман изјави за порталот mbg.com дека ги советува сите кои не се активни да пробаат да пешачат, дури и ако тоа е само 10 минути. Ако не знаете како да го додадете пешачењето во распоредот, дава едноставни совети: На прошетка тргнете наутро, што исто така ќе ви помогне и да се разбудите. Ако имате состанок, направете го „одечки“ наместо да седите во канцеларија. Кога одите на работа, користете јавен превоз и слезете неколку станици пред вашата дестинација и истегнете ги малку нозете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag