Како климата да ви троши помалку: Поставете го термостатот вака и нема да имате грижи

popara9 јуни, 20241min00
1717947930-air-conditioner-8810313_1280-750x428

Во овие топли денови животот без клима е незамислив. Но, штом ќе го фатите далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја.

Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи на пократки интервали со помала брзина. Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност за кратко време, па да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура. Во овој, целосен интензитет на работа, клима уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја избрка влагата од просторијата.

Според некои податоци, клима уредите трошат 3 до 5 проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот.

За максимална заштеда на енергија, експертите препорачуваат да го оставите клима уредот да работи на 26 степени, пренесува магазинот City.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag