Жештина, одење на работа, роденденски прослави, семејни ручеци, свадби, море, вечерни излегувања. Кога имате добар фустан, ќе бидете добро облечени за сите овие прилики, од глава до пети. Избравме 4 модели кои се хит ова лето.
Фустан без прерамки
Голем летен хит се фустаните без прерамки, направени за топли денови. Светлата боја одлично оди со исончаниот тен, а може да се носи и преку ден и навечер. Во него ќе бидете елегантни и на свадба, ако го усогласите со црни сандали и чанта.
Плисиран црн фустан
Црните фустани се секогаш пожелни, а овој модел е одличен избор за елегантен изглед. Покрај тоа, може да се комбинира на различни начини. Одличен е за преку ден, но и за летна вечер во градина на кафуле или ресторан. За повпечатлив изглед посегнете по папучи или балетанки со мотив на леопард или црвени со kitten потпетица. Ќе изгледате шик во секоја комбинација.
Асиметричен фустан
Тие се голем тренд кога се во прашање елегантни пригоди, но можат одлично да се комбинираат и за дневни варијанти, особено кога се од вискоза. Можете да го носите кога одите на ручек или на попладневна прошетка низ градот, со рамни сандали или влечки кои се во тренд ова лето.
Розов сатенски фустан
Розевиот сатенски фустан, долг, без грб, е совршен за разни летни настани и прослави. Ќе изгледа одлично во комбинација со детали во различни нијанси на розова боја, а едноставните бели сандали се сигурен избор.