Лекар кој е популарен на социјалната мрежа TikTok ги предупреди луѓето да се држат настрана од едно место во хотелска соба која можеби е полна со бубачки. Д-р Џејсон Синг неодамна ги прашал своите следбеници на TikTok дали се отпакуваат кога ќе стигнат до хотел.
Не ставајте облека во комоди
„Хотелските комоди, особено оние од дрво или со спојници и пукнатини, претставуваат ризик од наезда од бубачки или грини“, рече тој, додавајќи дека тие ретко се чистат. Имено, американското истражување на Националното здружение за контрола на штетници покажало дека неверојатни 68 отсто од хотелите и мотелите се склони кон појава на бубачки. Евидентиран е дури и нивен пораст од 278 проценти во последните две години. Наместо фиоки, докторот предлага облеката да ја закачите во плакарите или едноставно постојано да ја чувате во куфер.
@drjaysonisfresh Do you completely unpack clothes into dressers?
Како да проверите дали има бубачки
„Разговорот со колегите во јавното здравство и контролата на штетници ја подигна свеста за грини кои растат на места како што се комоди, табли, па дури и електрични приклучоци или рамки за слики во хотелските соби“, рече тој. Лекарот советувал и брз начин да ги извадите бубачките од скривалиштето, односно да проверите дали ги има во хотелот во кој сте престојувале. „Можете да користите фен за коса на највисоката поставка за да дувате топол воздух по шевовите на душекот и во пукнатините. Топлината ќе ги натера грините да излезат, па ќе можете полесно да ги забележите“, додаде тој.