Каде грешиме со косата за време на летниот одмор?

popara14 јуни, 20241min00
Screenshot_10

Престојот покрај море е фантастичен начин да го „ресетираме“ нашето тело и ум. Но, не важи истото и за косата.

 

 

 

 

Морската сол, како и хлорот од базените можат да ја направат косата кршлива и оштетена. За и после одморот да имате убава, здрава коса, потрудете се да не ги правите петте работи што следат во продолжение:

 

Ја бланширате косата непосредно пред да одите на море? Не правете го тоа!

 

Бланшот е најагресивното хемиско средство за коса поради што не би смееле да го ставате непосредно пред да заминете на море, туку барем две до три недели порано. Зошто? Кога косата е свежо бланширана, морската сол и сонцето уште повеќе ја нагризуваат и таа станува дехидрирана. Ако сепак сте ја бланширале, тогаш задолжително користете средство за нега на исушена и испукана коса.

 

Не хранете ја тенката коса со маслиново масло

 

Точно е дека малсиновото масло е одлично и за коса, но не за сите. Тоа е добар избор за оние што имаат полудолга, долга, сува, кадрава коса… Не им се препорачува на оние што имаат тенка коса, како и кратки фризури, бидејќи ќе им ја направи мрсна и уште повеќе без волумен.

 

Не користите лак или пена за коса додека сте на море

 

Пената и лакот за коса ја сушат косата, затоа средствата за обликување на фризура оставете ги дома. Наместо тоа, за време на летниот одмор, користете препарати со поголема масленост, масла за коса или пак спрејови за хидратација, кои на косата ќе ѝ овозможат влажност. Регенераторите кои не се мијат се исто така добар избор.

 

Не чешлајте ја косата по излегувањето од море

 

Косата во која има морска сол побрзо се крши, затоа немојте да ја чешлате штом излезете од море. Направете го тоа откако ќе ја измиете косата со чиста вода и ќе нанесете заштитно средство. Косата расчешлајте ја со чешел со широки запци. Додека сте на море, косата треба дополнително да ја заштитите и нахраните, со маски и со производи со заштитен фактор.

 

Косата постојано ви е врзана? Сменете ја таа навика

 

Ако косата ви е постојано врзана и за време на летниот одмор, таа ќе почне повеќе да паѓа. Кога ни е многу жешко, ја врзуваме косата за да не ни пречи и да не се потиме дополнително. Сепак, препораката е косата секој ден да се мие со чиста вода и да не се врзува во текот на целиот ден, односно да не ја стегате многу. Не заморувајте се со тоа на плажа да бидете модерни, туку да бидете заштитени. А тоа важи и за вашата коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag