Кејт Мидлтон се појави денеска на церемонијата „Trooping the Colour“ во Лондон, по шестмесечно отсуство од јавни настани, по божиќната прошетка во Сандингам.
Долгата коса ја стави во пунџа и стави бела капа со голем раб и црна лента околу неа. Многумина коментираа дека принцезата на вчерашната фотографија е многу слаба, но сега, кога повторно ја гледаме во најубавата облека, зрачи со својата препознатлива елеганција.
Уште во март се пишуваше за тоа враќање, но по нејзината објава за дијагнозата рак (на 22 март) беше извесно дека нема да се појави во јавноста. Во последните неколку дена во јавноста се појавуваше само принцот Вилијам, а за здравјето на Кејт се интересираа многу Британци со надеж дека таа наскоро ќе се појави.
По синоќешната објава и нова фотографија од принцезата од Велс, тоа се случи.
Роденденската парада на кралот, позната како „Trooping the Colour“, е свечен настан во Лондон, каде членовите на кралското семејство се собираат на спектакуларна воена парада.
Вчера беше објавено дека ќе се вози во кочија со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, пред да се појави на балконот на Бакингемската палата со остатокот од кралското семејство.
Бакингемската палата потврди дека Чарлс (75) ќе учествува во поворката, но ќе се вози во кочија, а не на коњ, за време на неговото лекување од рак.
Од 1748 година, парадата го означува официјалниот роденден на суверенот, и покрај тоа што вистинскиот роденден на Чарлс е 14 ноември.