A$AP Rocky во досега невидено издание: Со синовите ја сними новата кампања на модната куќа Bottega Venetta

popara17 јуни, 20244min00
A$AP Rocky

Познатиот рапер и животен сопатник на пејачката Ријана со кој има два сина, во емотивното видео што ја придружува кампањата за Денот на таткото, ја откри својата друга страна и покажа колку е грижлив татко.

Кампањата на Bottega Venetta за Денот на таткото откри како американскиот рапер A$AP Rocky е нежен татко на 2-годишниот Рза и 10-месечниот Росе, синовите кои ги има со неговата партнерка, познатата пејачка Ријана. Ги носи, ги гали, ги бакнува, си игра со нив,сите работи што навистина не би ги очекувале од бунтовен рапер роден во Харлем.

А кампањата на оваа италијанска модна куќа, која ја потпишува фотографката Кери Меј Вемс, не само што беше соодветна, туку со овој потег објави дека A$AP Rocky е најновиот амбасадор на нивниот бренд. Доста храбар потег на врвните луѓе и креативен директор на брендот, Matthieu Blazy, од модна куќа која промовира луксуз, со оглед на тоа што светогледот на раперот е поврзан со бунт и улична мода. Но, познатиот A$AP е далеку од мрзлив рапер со лажен накит и предимензионирани фармерки. Тој е вистински шминкер кој со години е лојален на луксузните брендови, а најмногу, секако на Bottega Venetta.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A$AP ROCKY (@asaprocky)

„Мислам дека нема многу луѓе во мојата култура кои се залагаат за татковство и родителство. Кога мислите на раперите, мислите на адолесценцијата, на сингл начин на живот, а кога мислите на A$AP Rocky, мислите на плејбојот, градниците што жените му ги фрлаат на сцената. Ова видео е за мене како партнер на жена и како семеен човек. Ова е она што го комплетира мојот живот сега: да бидам присутен како партнер и родител“, изјави A$AP Rocky по повод објавувањето на видеото „Portraits of Fatherhood“, кое ја придружува најновата кампања на Bottega Venetta, а кое го открива нежниот и искрен однос на раперот со најмалите.

Така, синовите на славниот пар несвесно станаа ѕвезди на кампањата на една од најлуксузните модни куќи во светот, што е добра основа за неколку години да станат модни икони, победувајќи ги и нивните родители. Засега нивните модни хитови се пелените и белите боди.

A$AP Rocky и Ријана беа блиски пријатели и соработници речиси една деценија пред да започнат романтична врска, која ја потврдија кон крајот на 2020 година. Што се однесува до нивниот приватен живот, Ријана неодамна, на прашањето дали планира да има уште деца, изјавила дека ќе има онолку колку што Бог наредил за неа и додала дека сепак би сакала да има уште едно девојче. Затоа што, како што рече, момчињата се „опседнати“ со тато, а тој е одличен, трпелив и полн со љубов кон нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma