Црешите се омиленото овошје на многу луѓе во текот на летните месеци, а покрај одличниот вкус, нудат и многу здравствени придобивки.
Иако се поскапи од повеќето овошја, црешите нудат многу здравствени придобивки. Најдобар начин е да јадете свежи цреши, но од нив може да се направат сокови, овошни салати, колачи и џемови, па дури и некои солени јадења. Бројни студии ја докажаа важната улога на овошјето и зеленчукот во намалувањето на појавата на хронични болести, мозочен удар и некои видови на рак.
Голема хранлива вредност
Плодот од цреша содржи голема количина на влакна, полифеноли, витамини и минерали, но е и добар извор на амино киселини и вода. Богат е и со калиум, поради што поволно делува на балансот на течности во организмот. Јаглехидратите, односно едноставните шеќери се одговорни за сладоста на црешите, додека киселоста ја создаваат органските киселини. Тие исто така содржат флавоноиди, природни антиинфламаторни агенси кои помагаат во ублажување на симптомите на алергија.
Кои се здравствените придобивки?
Истражувањата покажаа дека црешите го намалуваат нивото на шеќер во крвта за три месеци кај жени со дијабетес. Исто така, се покажа дека ја намалуваат количината на урична киселина што предизвикува гихт. Секако, помагаат и за секојдневните проблеми, како физичка и психичка исцрпеност, а многу испитаници потврдиле дека ги ублажуваат болките во мускулите после тренинг.
Тие се одговорни и за подобар сон бидејќи содржат мелатонин. Покрај тоа, тие ги спречуваат кардиоваскуларните заболувања и учествуваат во регулирањето на крвниот притисок, отчукувањата на срцето и електричната активност во срцето.
Потрошувачка во умерени количини
Ако ги јадете прекумерно, може да почувствувате дигестивни проблеми и зголемување на нивото на гликоза во крвта. Иако им помагаат на дијабетичарите, тие мора да обрнат посебно внимание на количината на консумирање цреши.Семката од црешата не треба да се јаде. Имено, содржи соединение кое може да предизвика штетен цијанид и потенцијално да го оштети мозокот, срцето и белите дробови.