Анџелина Џоли одамна не сме ја виделе во вакво заводливо издание: фустан како од бајките и божествена половина (ФОТО)

popara18 јуни, 20241min00
Screenshot_6

Холивудската актерка Анџелина Џоли ја освои една од најпрестижните награди во кариерата на синоќешното доделување на наградите Тони во Њујорк, како продуцент на претставата „Аутсајдерите: Нов мјузикл“ (The Outsiders: A New Musical).

 

 

 

 

Таа за оваа специјална вечер се појави во зелена кадифена кринолина сочинета од корсет и широко лелеаво здолниште, скроено по нејзини мерки, а прекрасната креација доаѓа од брендот „Версаче“.

 

Со креацијата, Анџелина носеше соодветен шал од ист материјал и во иста боја, а елеганцијата ја засили и со внимателно одбраниот, дискретен накит.

 

Анџелина на синоќешниот црвен тепих ја покажа и новата тетоважа во средината меѓу градите, во форма на мала птица во лет, која ја симболизира слободата, љубовта и лојалноста.

Џоли – која со години води бурна битка за развод со поранешниот сопруг Бред Пит – одлучила да не додава никакви шарени детали на тетоважата.

 

Таа на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која ја мотивирала да ја прифати продукциската работа во ова претстава и која со стајлингот ѝ парирала на својата мајка – во зелено-бела комбинација.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag