Заборавете на тапкање: Три сигурни начини да ја изберете најсочната лубеница

popara18 јуни, 20241min00
1718633030-1718620164-melon-2464875_1280-750x500

Со години се пренесуваат легенди, научни теории и животни лекции за тоа како и на кој начин да се избере вистинската лубеница.

Се разбира, единствениот и правилен начин е да ја отворите, да видите колку е свежа, црвена и слатка, но тоа не е секогаш можно. Затоа со години луѓето се обидуваат да го најдат вистинскиот начин да ја проверат сладоста и зрелоста на лубеницата.

Заборавете на тапкањето лубеница, еве три опции:

1) Ако забележите дамка на површината на лубеницата, ова е добар знак. Го претставува местото каде што лубеницата лежела на земја за време на зреењето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние кои се со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се берат пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема дамки на површината, пишува Citymagazin.

2) Површината на лубеницата треба да биде темно зелена, тврда на допир, мазна и без видливи оштетувања. Меката површина е сигурен знак дека овошјето почнало да гние, а избегнувајте исушена површина која ја изгубила сета своја сочност и сладост. Плодот треба да биде асиметричен.

3) Носењето тешка лубеница дома од самопослуга можеби не е вашата омилена активност, но најтешкото овошје заслужува најголемо внимание. Дури 92 отсто од лубеницата е вода, па така најсочните плодови се и најтешки. Земете неколку лубеници со иста големина и однесете ја најтешката дома. Таа ќе биде најслатка и најсочна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag