Ким Кардашијан признава дека има необична навика пред спиење, која вклучува користење на фен за коса. Таа вели дека користи фен во кревет за да се загрее, па дури и го суши својот накит со фен.
Ким се отвори за својата необична навика за време на најновата епизода од нејзиното реално шоу.
– Еден забавен факт, секогаш кога ставам накит, го топлам со фен бидејќи не можам да поднесам да носам нешто што е ладно – изјавила Ким.
Ким не застана тука, продолжувајќи да ги споделува своите необични навики:
– Порано чувствував ладно кога легнував да спијам, па ставав фен во кревет за да се стоплам.
Ова не е прв пат Ким јавно да зборува за загревање накит пред да го носи. За време на гостувањето на Џими Кимел, водителот ја прашала дали гласините се вистинити, а потоа таа рекла дека тоа е апсолутно точно.
– Мразам да се смрзнувам. Не сакам ладен накит, не сакам ништо со патент. Прво ги загревам, па се облекувам.