Што значи новата тетоважа на деколтето на Анџелина Џоли?

popara21 јуни, 20241min00
US-ENTERTAINMENT-THEATRE-AWARDS-TONY-ARRIVALS

Холивудската актерка Анџелина Џоли позира со нејзината 15-годишна ќерка Вивиен на црвениот тепих на доделувањето на наградите Тони во 2024 година, со кои се слават достигнувањата во американскиот театар.

Облечена во луксузна плишана тиркизна тоалета од Версаче, Анџелина Џоли изгледаше како статуа на грчка божица. Тоалетот го стилизираше со соодветни златни прстени, тиркизни алки и голема сребрена нараквица од брендот „Алексис Битар“, пишува РТС.

Вивиен, една од близнаците што ги доби од бракот со Бред Пит, беше облечена во иста комбинација на бои – бела кошула и темно тиркизни панталони, елек и машна, а имаше и црни „конверс“ патики за кршење на монотонијата.

Големо внимание привлече новата тетоважа на ластовичка во лет, во средината на градите на популарната актерка. Овој мотив е многу популарен во салоните за тетоважи и ја симболизира слободата. Птица во лет метафорично претставува стремеж кон повисоки цели и слобода на духот, но, како и секоја тетоважа, може да има и индивидуално значење. Многумина шпекулираат дека станува збор за слободата која ја доби по разводот со холивудската ѕвезда Бред Пит.

Освен убавината, сите погледи беа вперени во мајка и ќерка во координирани комбинации токму поради драмата со Бред Пит. Вивиен, која исто така беше асистент во продукцијата на мјузиклот „The Outsiders“, кој го продуцираше нејзината мајка, неодамна го отфрли презимето на нејзиниот татко, Пит. Нивната прва биолошка ќерка Шајло го направи истото по нејзиниот 18-ти роденден.

Нивната посвоена ќерка Захара, исто така, се откажа од презимето на Бред минатиот ноември кога беше примена во колеџот АКА. Тогаш оваа 19-годишна студентка се претставила како Захара Марли Џоли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag