Потребно е:
2 пилешки филети
500 гр шпагети
200 мл крем за готвење
200 гр свеж спанаќ
1 лажичка мелена пиперка
2 чешниња лук
1 лажичка сол
2 лажици путер
4 суви домати
Подготовка:
Исечете го месото на филети и зачинете со паприка и сол. Пржете ги на врел путер. Извадете ги и во истото тавче продинстајте сечкан лук, додадете суви домати и крем за готвење. Оставете го да се готви околу пет минути. Додадете го спанаќот и варете уште малку. Вратете го месото и оставете 2-3 минути. Тестенините сварете ги според упатството на кесичката, извадете ги во чинија, одозгора ставете го месото и прелијте ги со сосот.