Речиси бесплатен трик за мазни нозе за време на летото:Потребни ви се 2 состојки кои веќе ги имате во вашиот дом

popara24 јуни, 20241min00
Нега на стапала

Ако во текот на летните денови се грижите за сувите и испукани потпетици, применете едноставен трик  и тие за кратко време ќе бидат хидрирани и мазни.

Кожата на стапалата може да биде екстремно сува поради неколку причини – поради генетиката, временските услови, начинот на кој се грижиме, употребата на одредени лекови итн.

Кога е премногу сува, може да дојде до пукање, особено што стапалата се под постојан притисок бидејќи ја поднесуваат тежината без разлика дали трчаме, одиме или само стоиме долго време.Поради ова, тие се најподложни на појава на сува и испукана кожа, која е особено изложена на глетки во летните месеци, кога носиме отворени чевли.

Постојат многу трикови за нега на стапалата за кожата на нив да биде хидрирана, мазна и здрава, а еден од најпопуларните е оној со – овесна каша!

Нега на стапала со овесна каша

Малку погрубата текстура на овесните снегулки го прави одличен, но нежен пилинг, кој помага да се отстранат мртвите клетки од кожата.

Студијата објавена во 2015 година во медицинското списание Journal of Drugs in Dermatology покажа дека овесната каша има антиинфламаторно и антиоксидантно дејство, што дополнително значи дека може да помогне со сува и иритирана кожа и да ја заштити од оштетување.

Луиз Волш, козметички техничар од Велика Британија,смета дека овесната каша е многу корисна за нега на кожата.

– Овесната каша благотворно делува на црвената и чувствителна кожа – изјавила за медицинската платформа Healthline, додавајќи дека во комбинација со хидратантна крема, овие снегулки можат да бидат корисни и за состојби како што се псоријаза, акни и егзема.

Купка за стапала со овесна каша

Состојки:

*млака вода
*3 грста овесна каша

Постапка

Потопете ја овесната каша во млака вода во леген, а потоа потопете ги стапалата и држете ги околу 15 минути. Од време на време, тријте ги критичните области на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma