До 95 проценти од жените го имаат, а дерматолог открива како да се ослободиме од целулитот

popara24 јуни, 20241min00
Целулит

Храната, пијалокот и облеката се проблемот, а овој домашен трик може да помогне.

Околу 90 до 95 проценти од жените имаат целулит, дури и оние кои немаат прекумерна тежина. Целулитот е состојба предизвикана од вишок маснотии, вода и токсини во најдлабоките слоеви на кожата.

Попознат како „кора од портокал“, целулитот често се појавува на видливи места, особено на оние што може да се забележат при носење бикини – на стомакот, задникот и нозете. Никој не сака да гледа несовршености, но постојат начини на кои можете да ја намалите појавата на целулитот, особено сега кога летото е пред нас.

Сепак, на прво место, важно е да знаете што предизвикува целулит:

-Генетика
-Хормони: влијание на женските хормони, естроген
-Проблеми со циркулацијата
-Начин на живот и исхрана: седентарен живот, прекумерна тежина, солена исхрана, како и оние богати со масти и јаглехидрати, недостаток на внесување вода, пушење, тесна облека и стрес.

Image

Како да се ослободите од целулитот?

Еве што можете да направите за да го намалите нивото на целулит на вашата кожа:

-Избегнувајте солена, мрсна и пржена храна

-Намалете го внесот на газирани пијалоци и алкохол

-Пијте до два литра вода дневно

-Тренирајте редовно

-Престанете  со пушење цигари

-Не носете тесна облека

-Масирајте ја кожата со антицелулитни и производи за слабеење

Дерматологот Џошуа Цајхнер откри за Yahoo UK трик кој можете да го направите сами дома. Обидете се да масирате крем што содржи кофеин во областите каде што имате целулит.

„Кофеинот ги стеснува крвните садови, што може да помогне да се отстрани вишокот течност. Исто така, му помага на телото да ги метаболизира и разградува масните клетки“, објасни Цајхнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag