Потребно е:
половина пакување тестенини (за двајца)
100 гр кравјо сирење
половина чаша грчки јогурт
2-3 лажици крем сирење
лажичка: нане, оригано, магдонос (по избор)
маслиново масло, сол, бибер
1 голем исечкан кромид
1 сечкана лута пиперка
1/4 чаша сецкани маслинки (по избор)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето на маслиново масло пропржете го кромидот и биберот додека не омекнат. Додадете нане, оригано, магдонос, маслинки и пржете уште 1-2 минути. Во еден сад измешајте го сирењето со јогуртот и крем сирењето додека не стане кремаста. Додадете малку бибер, а кога тестенините ќе бидат готови, исцедете ги и вратете ги во тенџерето, а потоа додајте го сварениот зеленчук и остатокот од маслиновото масло. Додадете го сосот од сирење и добро измешајте. Одозгора можете да посипете малку суво сирење како пармезан.