Канје Вест ја посети Москва: Дошол на роденден на пријател

popara1 јули, 20241min00
1665386365-000_32L36RM-750x519 (1)

Американскиот рапер Канје Вест, често предмет на дискусии во САД, е во приватна посета на Москва, објавија руските медиуми.

Западните музичари во голема мера ја избегнуваа Русија откако земјата ја нападна Украина во февруари 2022 година и беше под опсежни западни санкции.

„Канjе Вест е во Москва. Тоа е одлична вест, тоа е во срцето на главниот град“, објави продуцентката Јана Рудковскаја, пренесе ТАСС.

Рудковскаја е сопруга на еден од најголемите лизгачи во историјата на спортот, освојувач на европски, светски и олимписки медали, Евгени Плушенко.

Ксенија Собчак, поранешна кандидатка на претседателските избори, на Телеграм објави видео на кое, според неа, се гледа како познатиот рапер на покривот на познатиот трговски центар ГОУМ го набљудува Црвениот плоштад.

Собчак тврди дека Канје допатувал во Москва за да го прослави 40-тиот роденден на својот пријател Гоша Рубчински, познат моден дизајнер, фотограф и основач на истоимениот бренд, кој светската слава ја стекна преку своите креативни достигнувања, за кои инспирацијата наоѓа во падот на Железната завеса и руската младинска улична култура.

Канје Вест има и свој моден бренд Yeezy.

Не му се туѓи скандали и контроверзии. Канје Вест е познат и по изјавите во кои го искажувал своето воодушевување од рускиот претседател Владимир Путин, а го критикуваат и дека го пофалил Адолф Хитлер.

Тој, исто така, „се прослави“ со давање антисемитски изјави по масакрот на Хамас во јужен Израел, но подоцна се извини. Извинувањето го објави на англиски и хебрејски.

Како што со своите настапи стана „отпадник“ во музичката и забавната индустрија, Адидас, Гап и Баленсијага престанаа да работат со него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag