Косата може да ја подобри целата модна комбинација, а оваа позната актерка тоа го сфати како предизвик.
Ако сте Селма Блер, вашата коса е буквално вашата облека. Таа пристигна на ревијата на Schiaparelli Couture во Париз облечена во вратоврска од платинесто руса коса во плетенка. Фризурата е дизајнирана од лондонскиот фризер Пол Џонс.
Ѕвездата од „Сурови намери“ закачи плетенка долга 30 сантиметри на јаката на нејзината бела кошула, што ја прави централна точка на нејзината облека. Таквата извонредна употреба на екстензии е замисла на креативниот директор на Schiaparelli, Даниел Розебери, кој го претстави во својата колекција есен/зима во март.
Актерката Селма Блер, која претходно зборуваше за живот со мултиплекс склероза, преку својот Инстаграм профил откри дека живее и со Елерс-Данлосов синдром, генетско нарушување на сврзното ткиво. Блер храбро се бори со дијагнозата и им дава поддршка на сите заболени преку социјалните мрежи.