Пиењето алкохол за време на летот може да претставува опасност по здравјето, дури и за млади и здрави патници, според една нова студија. Затоа, ако сте навикнати да пиете чаша вино или коктел во авионот, размислете двапати! Комбинацијата од консумирање алкохол, спиење и ниска концентрација на кислород на големи надморски височини го става на тест кардиоваскуларниот систем и го продолжува времетраењето на хипоксемија, односно ниско ниво на кислород во крвта.
Истражувачите од Институтот за воздухопловна медицина на германскиот центар за воздухопловство и Универзитетот во Ахен, исто така, забележаа дека оваа навика го намалува квалитетот на сонот и препорачаа авиокомпаниите да ја ограничат потрошувачката на алкохолни пијалоци во авионите. Ева-Марија Елменхорст, коавтор на студијата, изјави за NBC News дека тимот бил „изненаден кога видел дека ефектот е толку силен“ и препорачал да се избегнува конзумирање алкохол за време на летот.
Спиењето за време на летот веќе го влошува намалувањето на заситеноста на крвта со кислород, предизвикано од намалениот атмосферски притисок во авионските кабини, покажува една студија. Под дополнителен ефект на консумирање алкохол, лабораториските тестови покажаа дека заситеноста на крвта кај учесниците се намалила уште повеќе, отчукувањата на срцето се зголемиле и длабокиот сон се намалил.
Дури и „младите и здрави учесници“ доживеале зголемен пулс за време на спиењето, според студијата. Повисоките дози на алкохол би можеле да ги засилат овие забележани ефекти, потенцијално зголемувајќи го ризикот од здравствени компликации и медицински итни случаи за време на летот, особено кај постарите лица и оние со веќе постоечки медицински состојби.
Други ризици при летање со авион
Долгото стоење во авион може да доведе до длабока венска тромбоза, состојба во која се формираат згрутчување на крвта во длабоките вени на нозете. Симптомите вклучуваат оток, болка и осетливост во нозете, но понекогаш оваа состојба може да биде асимптоматска, што ја прави уште поопасна. Ако згрутчувањето патува до белите дробови, може да предизвика белодробна емболија, компликација која може да биде фатална.
Одредени групи на луѓе се повеќе склони кон ризик за време на долгите летови:
– Луѓе со историја на длабока венска тромбоза или белодробна емболија
– Лица со семејна историја на кардиоваскуларни заболувања
– Луѓе со прекумерна тежина или дебели
– Бремените жени