Џесика Алба (43) е фатена во непрепознатливо издание додека го чекала својот автомобил во Лос Анџелес.
Актерката Џесика Алба беше облечена во лежерна облека и постојано го проверуваше мобилниот телефон.
Нејзиниот лежерен изглед вклучува предимензионирана сива јакна, маслинесто зелена маица и карго панталони,сандали, темни очила за сонце, обетки, златно ланче и плетена сламена чанта. На прв поглед изгледаше многу запоставено.
Ретко кој можеше да ја препознае на улица под еден тон излитена облека, додека убавото лице го криеше зад црни очила.Зафатената Алба набрзина го напушти хотелот во Лос Анџелес и набрзина тргна директно до паркираниот автомобил на паркингот.Џесика беше многу зафатена откако пристигна на паркингот, цело време не можеше да го тргне погледот од мобилниот телефон.
Да потсетиме, Џесика веќе долго време може да се види во јавноста во несредено издание, често во гардероба која бездомниците би ја носеле без да се грижат за коментарите и изгледот. Дали само го носи она што ја прави да се чувствува добро во своја кожа или едноставно не сака да привлекува внимание, само таа знае. Сигурно никој не е навикнат на ваквото издание на најубавата актерка, која секогаш крадеше воздишки на црвениот тепих и малите екрани.