Дали уживате во шолја добро кафе и не сакате да се откажете од тоа? И не мора, но потрудете се одвреме-навреме да го замените со напиток кој е добар за вашето тело.
Мед и лимон наместо кафе
На прво место е топол пијалок од мед и лимон, кој ќе ви го подигне доброто расположение за цел ден, а воедно е и вкусен.Се што ви треба е мед, сок од половина лимон и чаша вода. Измешајте ги сите состојки и испијте го наместо кафе. Овој пијалок ќе го потисне секое чувство на умор и поспаност наутро, а го зајакнува и имунолошкиот систем, пренесува Krstarica.
Леден чај со мајчина душица
Ледениот чај со лимон и мајчина душица ќе го подобри вашето расположение и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Подгответе го чајот така што ќе загреете чаша вода со гранче мајчина душица и прстофат цимет.
По три минути извадете го и на крајот додајте во напивката рендана кора од лимон. Процедете го сокот и уживајте.
Сушен зелен чај
Зелениот чај отсекогаш бил познат како замена за кафе бидејќи содржи кофеин, поради што го подобрува расположението и ја враќа енергијата.
За да подготвите пијалок од сушен зелен чај, потребна ви е половина шолја вода, лажица „мача“ во прав, што е прав од листовите зелен чај, половина шолја кравјо млеко, половина шолја кокосово млеко, мед. и неколку капки екстракт од ванила.
Во шолја ставете мача прашок и прелијте го со вода, па добро измешајте. Загрејте го кравјото и кокосовото млеко со ванила и мед, па во него додадете ја подготвената „мача“ и измешајте.
Пијалок од малини или капини
Оние кои имаат малку повеќе време и се будат гладни, можат да се разбудат со смути од капини или малини.Потребни ви се неколку малини или капини, 200 милилитри јогурт, две или три лажици мед, 50 милилитри млеко, малку ванилин шеќер и неколку капки сок од лимон.
Едноставно ставете ги сите состојки во блендер. Ваквиот пијалок е подготвен за консумирање и ќе го започне вашиот метаболизам веќе рано наутро.