Каква трансформација може да се случи ако правилно се пристапи кон третманот на скалпот и косата, покажа еден дечко преку видео објавено на Tикток.
Овој тиктокер, кој се претставува како haircareking (крал на негата на коса), претстави еден маж кој во одреден период од животот почнал многу бргу да ја губи косата, па набргу станал сосема ќелав, а потоа ја покажа и неговата промена. Како што се тврди во видеото, верувале или не, нему му помогнало масло од рузмарин, а паралелно со тоа користел и витамини за раст на косата.
Целиот процес го започнал во ноември минатата година и забележал дека неговата проретчена коса за само неколку месеци станала погуста.
Преку видеото тиктокерот тврди дека доследноста и упорноста на младиот човек биле клучот за успешната промена. Овој тиктокер се занимава со нега на косата и честопати дава совети за нејзино зајакнување, за нејзина заштита од сонцето или од водата во базените.
@haircareking Consistency is key! #hairtransformation
Младиот човек исто така објавил и други корисни совети и трикови кои го подобруваат квалитетот на косата, како на пример, тој советува пред да влезете во базен косата да ја наводените со свежа вода, така барем делумно би ја заштитиле од дејството на хлорот.